Економија, финансии, бизнис

Контакт

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

Со огромна чест и задоволство известуваме дека на престижната церемонија на Европските награди за пензиски фондови, која се одржа на 03.12.2024 година во Прага, организирана од IPE (Investment & Pensions Europe), нашето Друштво беше наградено со престижното признание за „Најдобро пасивно управување со инвестиции“.

Ова признание го одразува нашиот ангажман за мудро и иновативно управување со инвестициите, кое истовремено обезбедува финансиска сигурност за нашите членови и е во согласност со глобалните стандарди за одржливост.

„Внимателна имплементација на стратегијата за пасивни инвестиции заедно со силната инкорпорација на ESG, користејќи го пристапот на таргетирање“ – гласи изјавата на судиите, со посебно потенцирање на:

·  Висок раст во фазата на акумулација, приспособен за релативно млада структура на членови

·  Зголемување на ESG рејтинот за 20% кај инвестициите во странски ETFи, истовремено со поголем принос

·  Одржливост и иновации преку инвестиции во ETFи кои се фокусираат на вештачка интелигенција

Оваа награда не е само доказ за посветеноста и стручноста на нашиот тим – тоа е исто така признание за растечката сила на пензискиот систем на нашата земја на европската сцена.

Изразуваме срдечна благодарност до нашите посветени вработени и лојални членови што го овозможија ова достигнување. Благодарение на нив, оваа награда е не само наш успех, туку и гордост за пензискиот систем во нашата земја.

Заедно, градиме иднина на безбедност, одржливост и иновации. Заедно градиме иднина, денес.


Дознајте повеќе за наградата на веб-страницата на IPE.

IPE (Investment & Pensions Europe) е водечка европска публикација за институционални инвеститори и пензиски фондови чии податоци и информации ја даваат најавторитетната слика за пензиските средства ширум континентот.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/32 24 229

ПР Објава

Слично

Поврзани вести