Економија, финансии, бизнис

Контакт

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје прослави 10 години од постоењето

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје прослави 10 години од постоењето

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на 19.05.2015 (вторник) прослави значаен јубилеј-10 години од постоење на Друштвото. КБ Прво пензиско друштво е едно од пионерите во нашата држава кои од почетокот, директно и активно учествуваа во спроведувањето на една од најзначајните, најмакотрпните и најдолготрајните реформи што се реализирани во Република Македонија, реформата на пензискиот сиситем.

Друштвото е партнерство, и е создадено како резултат на амбицијата и претприемачкиот дух на ПРВА Групација од Љубљана Словенија и Комерцијална Банка АД Скопје. Друштвото вработува 30 високо-стручни професионалци и остварува стабилни резултати. Главната цел на Друштвото е да обезбеди услови за достојна пензија за членовите на пензиските фондови.

Друштвото успеа да ги постави темелите на една успешна приказна, која ветува дека ќе продолжи да ја гради и во иднина.

Друштвото управува со два фонда- КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд- Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје.

Денес, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд-Скопје има над 200.013 членови и времено распределени лица1, кои што се сопственици на над 316 милиони евра2, додека во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје има 12.778 членови3, кои што се сопственици на над 5 милиони евра4.

Слично

Поврзани вести