Казни за тетовските кафулиња – претерувале со гласна музика
Пет прекршувања на прописите за дозволената бучава констатирала тетовската полиција при контрола на четири угостителски објекти вчера во Тетово.
Во кафулето „Тантра“ на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на Ф.А.(32) на двапати биле забележани повисоки нивоа на гласна музика и бучава што изнесувале 79,9 односно 74 децибели, во кафулето „Марон“ на истата улица, кое е во сопственост на Ф.С.(32) биле измерени 68 децибели, во кафулето „Либрари“ на ул.„107“, сопственост на Б.Ц.(32) биле забележани 75 децибели и кафулето „Ди Версо“ на ул.„Борис Кидрич“, сопственост на Ј.Т.(25) имало 75,1 децибел.
Сопственици добиле записници и платни налози со кои треба да платат по 200 евра во денарска противвредност согласно член 8 став 1 од Законот за прекршоци на јавниот ред и мир.
Слично
