Казни за фирмите кои не користат лиценциран софтвер
Легалниот софтвер пред сѐ подразбира сигурност. Штом сме на интернет сите сме отворени и ранливи. Секое електронско плаќање подразбира врата низ која сајберкриминалците може да ни влезат во документацијата на фирмата и да направат незамислива штета.
Доколку инспекцијата влезе во фирма и види дека се користи нелиценциран софтвер, тогаш фирмата се соочува со заплена на компјутери, парични казни и кривична пријава.
При влегување во фирмата, инспекцијата прво преку фактурите, испратниците или преку налепница на компјутерот ја проверува легалноста на софтверот, а доколку е потребно софтверот се проверува и на самиот компјутер со дополнителни верификации.

Согласно законот средствата се запленуваат, што значи застој или прекин на работата бидејќи полицијата има право да ги запечати и заплени компјутерите со сите податоци. По правосилна пресуда следуваат одземање на предметите и парични казни и до 5.000 евра.
Но, инспекциите и казните во никој случај не треба да бидат мотивација за фирмите да користат легален софтвер, туку предностите што ги нуди истиот се главна причина за негово поседување.
Прво, се намалуваат трошоците. Со купување преку договори, многу фирми можат да ги намалат трошоците за софтверот што го купуваат. Исто така, вкупната цена на операциите со текот на времето може да се намали додека организацијата станува рационализирана и стандардизирана за да ги оптимизира техничките барања за поддршка, ефикасност на мрежата и целокупната ефикасност на софтверот.
Факт е дека лиценциранот софтвер поддржува куп алатки кои го олеснуваат работењето, ја подобруваат ефикасноста и го унапредуваат меѓусебното поврзување на сите работни места.
Второ, легалниот софтвер пред сѐ подразбира сигурност. Штом сме на интернет сите сме отворени и ранливи. Секое електронско плаќање подразбира врата низ која сајберкриминалците може да влезат во документацијата на фирмата и да направат незамислива штета. Поседувањето софтвер што е апдејтиран и легален значи максимална безбедност на податоците. Фирмите не треба да го гледаат лиценцираниот софтвер како трошок туку како инвестиција. Ако им се случи еден криминален упад во системот, може да ги чини 10 пати повеќе финансиски но, од аспект на непаричната штета и изгубено време, може да биде непоправлив удар врз работењето и кредибилитетот на компанијата.

Трето, знаејќи дека користите оригинални производи со сите нивни придружни бенефиции лесно и безбедно може да ја трансформирате и надградувате вашата инфраструктура. При секоја промена на инфраструктурата многу едноставно се вклопува новата опрема во постојната конфигурација без прекини на работниот тек. Во случај на изгубен лаптоп едноставно си ги повлекувате податоците содржани на тој уред.
И на крај, од аспект на анализа на податоци и генерирање на заклучоци со тек на време предностите на лиценцираниот софтвер ќе станат императив, нешто без што не се може и без што нема да можете да комуницирате со останатиот бизнис свет.
Врвна безбедност и ефикасна одбрана од сајбер напади е неопходност во услови кога голем дел од бизнис трансакциите се случуваат онлајн. Мајкрософт инвестира преку една милијарда долари секоја година во истражување и развој за да им овозможи безбедност на своите клиенти во приватниот и јавниот сектор.
Брзите промени на мрежата, зачестеноста, различните облици и високата софистицираност на сајбер-нападите наметнуваат потреба од постојано унапредување на мерките за безбедност со цел компаниите да можат да работат, растат и се развиваат во безбедно онлајн опкружување.
Кога зборуваме за раст и развој, знаејќи го софтверот што една фирма го има сега, каде и што најдобро може да се искористи и што ќе ѝ треба во иднина, овозможува да се донесат поинформирани стратешки, тактички и оперативни одлуки.
Едноставно кажано користењето на лиценциран софтвер овозможува: минимизирање на загубата на податоци, измамите и прекините во работата.
