Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кажете ни кој знак сте и ќе ви кажеме каде да патувате

Кажете ни кој знак сте и ќе ви кажеме каде да патувате

Карактерот според зодијачкиот знак на секој човек може да му помогне успешно во изборот на партнер, но исто така може да го насочи кон најсоодветите места за одмор.

Овен

Овните се познати со независниот карактер и енергија. Како такви тие преферираат да не губат време на плажа, туку да истражуваат места  и да дојде во различни предизвици. Најсоодветен за нив е Националниот парк Јосемити во САД, Северна Кореја или Мјанмар.

Бик

Тие се родени да уживаат во животот. Едвај имаат посоодветно време за тоа од одморот. Посебна радост на секој Бик може да му донесе излежување на плажа на луксузен хотел на Малдивите, Гранада (Шпанија) или во Мексико.

Близнаци

Претставниците на овој хороскопски знак се во можност да се прилагодат на секоја ситуација. Тоа значи дека Близнаците брзо се досадуваат и имаат потреба од нови предизвици. Такви можат да им понудат археолошките локалитети Тулум (Мексико), Хрватска или Берлин.

Рак

Претставниците на знакот Рак се уметнички и имаат инспирација.  За нив особено пријатни се одморите во друштво на семејството или пријателите.  Препорачани места за рекреација - Лисабон (Португалија), езерото Комо (Италија) или Нов Зеланд.

Лав

Креативните и страстни Лавови се склони кон авантури, какви што можат да најдат во Куба, Чикаго или јужна Франција.

Девица

Кога одмараат, претставниците на овој хороскопски знак сакаат да се во природа или да ја запознаат културата, храната и кафулињата на дестинацијата каде одмораат. Препорачани  се долината Лаутербрунен во Швајцарија, Париз или Грција.

Вага

Вагите  сакаат спокојството и романтиката. Соодветни туристички дестинации за нив се Сиднеј (Австралија), Аргентина или Тибет.

Шкорпија

Препорачани места за претставниците на овој хороскопски знак се Зимбабве, остров Бурано (Италија) или Норвешка.

Стрелец

Стрелците се радосни и весели идеалисти. Тие се познати по својата страст кон патувања.  Препорачани дестинации за нив се Мадагаскар, Боливија или Источните фјордови во Исланд.

Јарец

Тие се обожавателите на одморите, и добро е да ги посетат Хаваите, Биг Сер (Централна Калифорнија) или Националниот парк "Џаспер" (Канада).

Водолија

Водолија преферираат познати места каде можат да се радуваат на независноста. За нив е препорачливо да патуваат до Мексико, Финска, каде што можат да ги набљудуваат северната светлина, или Абу Даби.

Риби

Уметнички и интуитивни по душа, претставниците на знакот Риби сакаат оддалечени дестинации, какви нудат Плитвички езера во Хрватска, Мароко или Фиџи.






Слично

Поврзани вести