Кавадаречките лозари кои се уште не ги добиле субвенциите за лани, реагираат
Иако крајниот рок за исплатата на субвенциите на лозарите кој го предвиде владата беше 30 јуни, се уште е голем бројот на лозари кој не ги добиле своите пари за изминатата реколта. Поради тоа, реагираа лозарите од општина Кавадарци кои не ги добиле субвенциите за минатата година.
„Владата беше должна по закон да ги исплати сите субвенции во одредениот рок кој за жал и самата не го испочитува. Постојано кружат информации и реклами по медиумите како секојдневно се одлеваат пари од Буџетот наменети за земјоделците. Меѓутоа ситуацијата на терен е сосема различна“ - објави порталот Мојот Град.
Во подрачната единица на министерството за земјоделие при општина Кавадарци во тек е аплицирањето за субвенции за насадена површина со лозов насад. Аплицирањето е наменето по основ 40.000 денари за 1 хектар површина со лозов насад.
Слично
