Кавадарчани ќе здивнат, се укинуваат редукциите на водата за пиење
Се укинуваат редукциите на вода за пиење во Кавадарци кои почнаа во јуни минатата година. Прво Квадарчани немаа вода само во текот на денот, за подоцна да се воведат и ноќни редукции.
Како што соопшти Илија Атанасов, директор на кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”, редукциите биле неопходни за надополнување на недостигот од доволно количини на вода за пиење. „За време на редукциите се полнеа резервоарите со вода со цел нормално водоснабдување во сите зони од градот и доволен притисок на вода за пиење во цевките“, рече Атанасов.
Слично
