Економија, финансии, бизнис

Контакт

Капучино од 2.350 литри – нов Гинисов рекорд

Капучино од 2.350 литри – нов Гинисов рекорд
Најголемото капучино во светот кое се вика „Давиано“ и има 2.350 литри вчера е направено во салонот Рекс во Римини. Капучиното е подготвно од екипата на „Нипфуд“ (Nipfood) и официјално влезе во Гинисовата книга на светски рекорди. За него беше изработена и специјална шолја висока 1,5 метри и широка 1,80 метри. „Давиано“ беше направено од интегрално млеко, 417 литри кафе, а пет мажи го подготвуваа 9,5 часа. Од него можат да се направат 16.000 капучина. Претходниот рекорд беше постигат на 4. септември минатата година во Загабрија, Италија и изнесуваше 2.012 литри.
Слично

Поврзани вести