Економија, финансии, бизнис

Контакт

Капитал Банка го одбележа 20 годишното постоење на македонскиот пазар

Капитал Банка го одбележа 20 годишното постоење на македонскиот пазар

На настанот кој се одржа во хотел Мериот со почеток од 19 часот присуствуваа голем број на пријатели, клиенти, соработници и акционери на Банката.

Почнувајќи од  1996 до денес 2016, низ изминатите години Банката доживеа голем број на успеси и трансформации, но најважно од се е што денес на овој настан се одбележува 20 годишното постоење под слоганот Напредуваме заедно!

Клиентите кои се со нас од самиот почеток зборуваат за одличната синергија, за нашите принципи и стратегија за работа како и за негувањето на долгорочни релации со нив.

Специјален гостин на настанот беше интернационално докажаниот претприемач, експертот за односи со јавност, најпродаваниот бизнис автор Г-дин Коста Петров кој со својот инспиративен говор на темата Лидерството преку феноменална услуга кон клиентите во новата дигитална ера.

На настанот се обрати и Г-дин Иво Прокопиев главен акционер во Alfa Finance Groupкоја е сопствeник на Капитал Банка АД Скопје кој во својот говор ги презентираше идните трендови во банкарството. Тој дополни дека нашата мисија е да сме Банка од претприемачи за претприемачи, и од тој аспект потенцираше дека нема проблем кој не може да го разбереме и решиме.

Претседателот на Управниот Одбор Г-дин Игор Стојнев во своето обраќање кон гостите ја пренесе следната порака: “Негувајќи ги тимските вредности  покажавме дека не постои нерешлив проблем, безизлезна ситуација или било каков предизвик за кој не можеме да понудиме адекватен одговор. Тимскиот дух и тимската сила се огромно богатство што Капитал банка ја прават посебна.’’



Слично

Поврзани вести