Капацитетите на “Витаминка“ на презентација пред дипломатскиот кор
Во рамките на проектот за промоција на македонските извозни капацитети Министерството за надворешни работи денеска пред претставниците на дипломатскиот кор во земјава организира промоција на капацитетите и извозните потенцијали на компанијата АД „Витаминка“ од Прилеп.
Основна дејност на компанијата е производство на прехранбени и кондиторски производи.
На презентацијата ќе се обратат министерот за надворешни работи Никола Попоски и претседателот на Бордот на директори на „Витаминка“ Симон Наумоски
Слично
