Економија, финансии, бизнис

Контакт

Капацитетот е исполнет, пријавувањето е завршено

Капацитетот е исполнет, пријавувањето е завршено

Македонија, Босна, Хрватска, Данска, Романија, Словенија, Црна Гора, Шведска, Шпанија се деветте земји од кои преку 300 деца ќе бидат дел од третиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7 “.

Квалитетот го иницира квантитетот, добрата организацијат и реализација се основа за довербата, која децата и нивните родители ја имаат во овој проект. Таа е наш мотив и водечка нишка. Од друга страна предизвик  е да се учи од капитенот и неговиот тренерски тим. Професионалната поставеност, начинот на кој го пренесуваат своето искуство, непосредниот контакт со секое дете за време на тренинзите но и надвор од нив, ги враќа децата секоја следна година, но раѓа и желба кај нови учесници.

Доаѓаат и деца кои прв пат се сретнуваат со ракометарската топка, помали и поголеми.  Децата се на возразст од 7 - 18 години,  поделени во две смени. Иако секогаш бројот на момчињата е поголем,  на овогодинешниот камп имаме пријавено девојчињата во најголема бројка до сега. Заради тоа нивните тренинзи ќе се одвиваат во две групи. 

Освен задолжителните тренинзи претпладне и попладне и оваа година ќе имаме содржини кои се насочени кон едукација преку забава, прилагодени според годините на децата.

Остануваат уште 20 дена до почетокот, капацитетот е исполнет, пријавувањето завршено, се работи на последните подготовки.

Слично

Поврзани вести