„Како успеав за 3 месеци да започнам нова кариера“
Неколку успешни приказни на млади студенти кои по завршување на летните менторски програми на Семос Едукација, започнаа со градење на нова кариера во некоја од реномираните ИТ компании.
Летните менторски програми на Семос Едукација кои се одржуваат деветта година по ред во текот на летниот период, досега обучија голем број на студенти во неколку од најбараните ИТ и креативни области.
Своите искуства и патот до успехот за само едно лето со нас ги споделија неколку студенти од летните менторски програми на Семос Едукација: Стефан Ристовски, Даниел Дервишевиќ и Александра Станојковска.



Уште една во низата успешни приказни на студентите од Семос Едукација е онаа на Александра Станојковска. Таа во моментов е практикант во Semos Cloud, по препорака на Кариерниот центар на Семос Едукација. На прашањето колку менторската програма во која учествувала ѝ помогна да ги стекне потребните квалификации и да се вработи, Александра вели: „Тоа што бев дел од менторската програма за мене беше од голема полза, пред сѐ стекнав знаења во областa на Web Development, а истовремено многу ми олесна кога аплицирaв за пракса. Преку менторската програма се стекнав со нови знаења и ги надградив претходните, истовремено го проширив и мојот круг на пријатели. Ги проширив видиците и преку работа на реални проекти имав и практична примена на знаењата.“
Сите тројца едногласно им порачаа на сите оние кои би сакале да бидат дел од менторска програма дека не треба да се двоумат и без размислување да го направат тоа. Преку овој начин тие инвестираат во самите себе, а подоцна тој труд ќе им се рефлектира врз нивната професионална кариера за многу краток период.
Менторските програми вклучуваат пакет на обуки во Семос Едукација, стипендии и специјални попусти од официјалните вендори Microsoft, Cisco, Adobe и Autodesk, и работа на реални проекти во реална работна околина, под менторство на професионалци од соодветна компанија. Семос Едукација во соработка со неколку компании креира 6 различни менторски програми за обучување во најбараните ИТ и креативни области, и тоа: Microsoft и Cisco Летна IT Школа во кои се вклучени стипендии до 1.640€, Adobe менторска програма за графички дизајн; менторска програма за фотографија; менторска програма за внатрешен дизајн и програма за MERN Full Stack Developer.
