Како страста да ја претворите во успешен бизнис?
Тргнете се од луѓе кои се трудат да ги потценат вашите амбиции. Малите луѓе тоа секогаш го прават, а оние навистина големите секогаш ќе ви даваат до знаење дека и вие исто така можете да станете голем.-Марк Твен
Се почесто слушаме приказни за луѓе кои од своето хоби и личен интерес успеваат да покренат и водат бизнис за кој други може само да сонуваат.
Сепак реалноста и околината не присилуваат да се запрашаме-колку е всушност можно да се потпреме на хобито како исклучив извор на приходи? Дали е можно да го работиш она што го сакаш и за тоа да бидеш добро платен? И многу поважно-како?
Следејќи ги овие три чекори, својата страст можете да ја претворите во примарен извор на заработка, доколу навистина тоа го сакате.
1. Одделете ја страста од реалноста
Најчеста реакција на луѓето на нова идеја е смислување причини зошто таа не може да успее. Тој дел од „реалноста“ ќе се фрли на колена пред вас пред да почнете. Само замислете колку фантастични идеи се убиени со „реални“ критики. Дозволете си себе и на својата идеја барем месец дена развивање брз допир на критики и реалност. Опкружете се со креативни луѓе кои веќе заработуваат од својата страст и го живеат својот сон. Таквите личности ќе бидат ваши мотиватори, еднакво возбудени за вашата страст како и вие самите, и нивното опкружување на вас ќе влијае поттикнувачки и охрабрувачки. Одеднаш и вие ќе видите многу повеќе причини поради кои вашата идеја ќе биде остварена и ќе бидете сигурни во она што го правите.
2. Верувајте во својата професионалност
Честа причина на песимизам е мислата дека не сме доволно професионални т.е. дека постојат луѓе кои тоа подобро го знаат и можат од нас. Доколку на овој свет сте подолго од 20 години, прилично е сигурно дека сте ја пронашле својата страст и за таа тема знаете повеќе од 99% од остатокот од светот. А со самото тоа, некаде постои и круг на луѓе кој е заинтересиран и би платил да го научи тоа што ние веќе го знаеме и можеме да му го пружиме. Самодоверливо верувајте во својата професионалност бидејќи знаете и повеќе отколку што си дозволувате да признаете.
3. Направете го невозможното
Неуспехот на создавање страст во бизнисот не произлегува од недостатокот на знаење, искуство или способност, туку од недостатокот на креативност и храброст. Следниот чекор секогаш ќе изгледа невозможен, додека храбро и самоуверено не го направите. Направете го својот прв чекор, па макар тоа и да биде создавање на портфолио со фотографии за идни клиенти, принтање на визит картички или смислување на слогани. Секој чекор со кој отворено покажувате дека верувате во својот успех е чекор во вистинска насока.
