Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како се живее во најсреќната земја на светот?

Како се живее во најсреќната земја на светот?

Во најсреќната земја на светот луѓето многу работат, но во рамки на работното време. 

Данска е најсреќна земја на светот, со 5.4 милиони жители и со БДП по глава на жител од 44.000 евра. 

Статистиката покажува дека со својата заработка живеат за 25% подобро од просечен жител на ЕУ. 

За социјална заштита се одвојуваат 35% од БДП. 

Вработени се 76% од луѓето на возраст од 20 до 65 години, а во време на кризата невработеноста се искачи на загрижувачки 7.5%. 

За разлика од Балканот, оваа земја има поголемо богатство, но има разлика и во менталитетот. 

Кристина Воспергер Даниловски кога се доселила од Загреб знаела дека доаѓа во многу различна средина. 

Таа вели дека во Данска децата од мали нозе ги учат на самостојност, а со тоа и не им се обрнува преголемо внимание на децата дома или во градинка. 

За Данците вели дека се богат и вреден народ, но со мерка. 

Се работи од 8 до 16 часот, а годишниот одмор трае 6 недели. 

Лесно се наоѓа работа, а 700.000 Данци годишно менуваат работно место. 

За Данците додава дека се штедлив народ и дека она што им е потребно од храна го купуваат во петок. 

Многу внимание обрнуваат на екологијата и здравата храна. 

Во Копенхаген има многу деца, млади, а бројот на стари лица е мал. 

Сите овие податоци Кристина Воспергер Даниловски ги сместила во својата книга „Данци и странци“. 

Слично

Поврзани вести