Како полесно до вработување во Гостивар?
Денеска во Гостивар беше отворен рабптен клуб кој има задача да им помогне на невработените млади лица полесно да најдат работа преку бесплатни обуки и вештини што ќе се учат овде. Идејата е клубот, кој е сместен во Центарот за вработување, да биде место кадешто невработените ќе посетуваат курсеви за стекнување вештини за вработување.Курсевите за невработени ќе траат по пет дена, а ќе се работи во групи.
Како што истакна директорот на гостиварскиот ценатрот за вработување, по повод свеченото отварање на клубот, ова ќе биде шанса за над три илјади невработени млади лица за да се стекнат со знаења неопходни за да бидат конкуретни на пазарот на трудот.
Проектот го помогна американската организација УСАИД, чии анализи покажале дека работодавачите без разлика од која област станува збор, бараат работници кои поседуваат добри комуникациски вештини и креативност.
Слично
