Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како најдобро да го заштитите вашиот дом или деловен простор

Како најдобро да го заштитите вашиот дом или деловен простор

Во денешно време се јавува сѐ поголема потреба од обезбедување на домот, работното место, личното и семејно обезбедување, кои стануваат неопходен предуслов за мирен и спокоен живот заштитен од надворешни и внатрешни опасности.

Најдоброто решение е инвестирање во професионални услуги од соодветен сервис кои би ви помогнале да се заштитите себеси, вашите најблиски и вашиот имот. Наша препорака е да ангажирате професионална компанија која со својата стручна подготвеност, високообучени вработени и напредна технологија ќе ја гарантира личната и имотна безбедност со максимален степен на сигурност.

Водечка компанија од овој тип кај нас е групацијата Секјуриком која е специјализирана во обезбедување на приватен и деловен простор, мониторинг и патролно обезбедување. Нуди изготвување на индивидуални концепти за обезбедување по барање на клиентот, како и видео системи за набљудување, контрола на пристап, алармен систем во случај на насилно влегување во стан или објект, контрола на безбедноста во просториите од опасности од пожар, поплава и сл.


Професионалниот тим на Секјуриком може да го контактирате 24/7 на бесплатниот телефонски број 0800 12 122 во рамки на Центарот за итни настани. Вашиот личен имот, деловен објект или индивидуално лице може да ги обезбедите со услугата мониторинг – патролно обезбедување, почнувајќи од 12€ месечно, со можност за гратис алармен систем и монтажа. Доколку се приклучите во Центарот за итни настани ќе добиете: бесплатна монтажа на RF радио предавател преку кој ќе се одвива целата комуникација до техничкиот мониторинг користејќи независна индивидуална мрежа, а притоа елиминирајќи било какви дополнителни месечни трошоци; високо обучени професионалци во патролно обезбедување; неограничен број интервенции по пристигнат алармен настан вклучени во месечниот надоместок; следење на статусот на безбедносниот систем и телефонско известување при идентификација на настан за проблем со истиот; патрола и лица од патрола, опремени, униформирани и обележани согласно законските одредби во Р.М.; месечен извештај од пристигнатите настани во Центарот за итни настани.

Securicom групацијата која како австриска компанија го има комплетно преземено знаењето и искуството од Р.Австрија, е посветена и докажана во понудата на висококвалитетни услуги од областа на обезбедувањето, како и во иновативните пакети на услуги за безбеден, чист и функционален простор за деловно работење и живеење. За повеќе информации посетете ја веб-страницата http://www.securicom.com.mk/ или нивната официјална Facebook страна.


Слично

Поврзани вести