Како мудро да пазарувате на „Black Friday“?
Хистеријата околу големиот шопинг на Црниот петок често не провоцира да правиме избезумено купување. Денот со големи попусти во продавниците сепак крие и многу стапици, кои се среќаваат и во трговски објекти и во трговијата онлајн.
Најчестите од нив се неважечки попусти, лажен „црн петок“ и нереални попусти, без профит за корисникот. Последново е поврзано со понудите на различни трговци. Некои од нив по принцип ги продаваат своите производи по повисоки цени и дури и да направат реално намалување, може да се покаже дека на друго место истата стока може да се најде поевтина, дури и без намалување.
Најави за бомбастично намалување е исто така честа стапица на овој ден. На излозите на продавниците се испишани големи процентни намалувања, кои подоцна не се сосема реални, бидејќи само 5-10 стоки во трговскиот објект се продаваат по такви цени.
Друг трик кој го користат трговците е „намалување во намалувањето“. Тие ја продаваат стоката со малку намалување и потоа врз тоа мало намалување ставаат некое друго и конечно го минусираат целиот процент, на пример 20%, а потоа кон него ставаат 30% и ви велат на Black Friday дека попустот е 50%, но тоа не е реално.
Во онлајн шопинг, исто така има многу замки за корисниците. Најчесто трговците се оправдуваат со техничка грешка поврзана со неможност да се испорача стоката, или да се обезбеди намалување. Се разбира има и лажни онлајн трговци, кои се појавуваат за ден - два во онлајн просторот и потоа не можат да ги најдат дури и органите на редот. Советот кон корисниците е да ги гледаат контактите на онлајн трговците да ја проверат адресата, да прегледаат коментари на интернет за соодветниот онлајн трговец.
Правото на откажување од купување при онлајн купувања нема како да им биде одземено на корисниците, како и правото на рекламација за неисправна стока.
Експертите советуваат пред купувањето да се проучат условите на "црниот петок", да се споредат предлозите со други, да се проверуваат трговците и да се внимава на неповолни услови. При купување на стока онлајн луѓето имаат право на одбивање во рок до 14 дена од купувањето. При дефектен производ исто корисниците имаат право да го вратат. Меѓу финтата кај брзите кредити се предвремено наплатлив кредит, незаконски камати, нелегални такси и треба многу да се внимава.
