Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како му помага чајот од магдонос на организмот?

Како му помага чајот од магдонос на организмот?

Чајот од магдонос секогаш се препорачува кај нередовен менструален циклус или за закрепнување по раѓање, но билкарите ги открија сите негови корисни својства.

Магдоносот се користи во третманот на сите проблеми поврзани со бубрезите. Овој чај треба да се пие во случај на инфекција на мочниот меур, како и при појава на камења во бубрезите.

Чајот од магдонос наоѓа примена и во превенцијата и лекувањето на ракот на дебелото црево, како и кај ракот на грлото на матката.

Магдоносот е богат со фолна киселина, која е од суштинско значење за кардиоваскуларното здравје.

Тој содржи и многу витамини А, Ц, Е и минерали, а неговото редовно користење, придонесува за намалување на лошиот холестерол. Ако страдате од висок притисок, исто така можете да користите чај од магдонос за неговото намалување.

Тој ги смирува цревата, го подобрува варењето и ги отстранува гасовите. Магдоносот е богат и со железо, па неговата употреба се препорачува во случај на анемија.

Едно од бројните својства на зеленото растение е отстранувањето на лошиот здив. Особено ефикасен е кога јадете кромид или лук и сакате да ги неутрализирате непријатните миризби.

Слично

Поврзани вести