Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како мажите да ги надминат проблемите со иритациите при бричењето!

Како мажите да ги надминат проблемите со иритациите при бричењето!
Совети од Д-р Соња Петрушевска специјалист дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин. Мажите се посилниот пол, тоа е универзален факт познат уште од древните времиња. Меѓутоа, дерматолозите укажуваат на тоа дека и на машката кожа и лице им е потребна вистинска нега, поради тоа што таа повеќе страда од штетните влијанија на средината, а особено од последиците на секојдневното иритирање при бричењето. Дури 40% од мажите се жалат на проблеми со кожата на лицето, а најчесто од иритации, црвенило, појава на акни или микро исекотини предизвикани при бричењето. Најчеста причина за тоа се машките себацеални жлезди кои продуцираат 30-50% повеќе себум  отколку женските, правејќи ја кожата масна, сјајна и подложна на нечистотии и акни, со повеќе и поголеми пори. Иритации настануваат и поради пребрзо бричење, ретко менување на самите бричеви и поради употреба на несоодветни козметички производи за мажи. Свесни за тоа дека убавината започнува со хигиената, свежината и задоволството, мажите се повеќе почнуваат да употребуваат козметички препарати за нега на лицето и кожата. Имајќи ги во предвид овие карактеристики истражувачите од Баерсдорф ја создадоа Еуцерин колекцијата за мажи со цел да им помогнат на мажите во негата на лицето, особено при бричењето.Гелот и пената за бричење лесно се нанесуваат на лицето, кожата одлично ги апсорбира, овозможуваат бричењето да биде многу пријатно а жилетот нежно да поминува низ кожата не предизвикувајќи микро сечења и црвенило. Производите за бричење содржат сребрени молекули кои овозможуваат антибактериски и антииритационен ефект и ја подобруваат еластичноста и хидратацијата на кожата. Балзамот по бричење не ја суши кожата, а истовремено ја зајакнува и регенерира. Овие производи се идеални за лица со осетлива кон проблематична кожа на лицето. Постои одлична толерантност на кожата дури и кај лица кои имаат проблем со атопичен дерматитис и акни. Ефектите се најдобри кога се комбинираат производи од целата колекција. Станува збор за медицинска козметика прилагодена на потребите на машката кожа, која е клинички тестирана и дерматолошки докажана. Колекцијата се состои од гел и пена за бричење, балзам за по бричење, навлажнувачка крема и крема против стареење на кожата. -Кажете им збогум на иритациите на кожата после бричење
Слично

Поврзани вести