Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како марихуаната го менува мозокот?

Како марихуаната го менува мозокот?

Редовната конзумација на марихуана резултира со промени во структурата на мозокот, објавиле истражувачи од Универзитетот во Тексас.

Анализите добиени со помош на уредите за магнетна резонанца покажуваат дека долготрајната конзумација на марихуана е поврзана со намалување на обемот на дел од мозокот поврзан со процесот на донесување одлуки и развој на зависност.

Исто така, доаѓа до промени во функциите на останатите делови на мозокот кои со зголемена работа се обидуваат да го  компензираат овој губиток.

Во истражувањето се користени податоци соберени од 48 возрасни конзументи на марихуана и 62 испитаници од контролна група, при што конзументите на марихуана пушеле во просек три пати дневно во текот на 10 години.

Научниците воочените промени во структурата на мозокот ја објаснуваат со дејствување на THC, главната состојка на марихуаната.

Според нивните зборови, ова појава била најизразена кај лицата кои марихуаната почнале да ја користат додека биле млади.

Слично

Поврзани вести