КАКО ЈА ИЗБИРАТЕ ВАШАТА БАНКА: УНИБанка со иновативни и исклучителни производи за своите услуги
УНИБанка повторно продолжува да ги изненадува своите клиенти со нови, дигитални и иновативни производи во време кога на граѓаните и компаниите им е потребно да им се олесни пристапот до банкарски услуги на највисоко ниво по наједноставен начин. УНИБанка во последниот период има бројни поволности за граѓаните кои како физички лица имаат сметки во банката, но и атрактивни услови за депозитите и кредитните производи.
Флексибилноста на банката и способноста да понуди брзи и едноставни услуги се најважните фактори според кои граѓаните ја избираат банката во која се депонент. Анализите покажуваат дека од особена важност за корисниците на банкарски услуги е сите услуги да се на едно место, да се завршуваат едноставно, брзо и со конкурентна цена.
УНИБанка неодамна понуди исклучителен пакет од услуги за физички лица со кој на граѓаните им се овозможува нов и современ, но и посигурен начин на користење на најсекојдневните банкарски услуги. Услугата е со ниски трошоци, односно пакетот чини само 99 денари месечно, а граѓаните добиваат можност за неограничен број денарски плаќања преку Е-Банкарство, како и неограничен број повлекување на готовина од било кој банкомат во земјата – бесплатно.Пакетот го вклучува и УНИ СМС известувањето со кое граѓаните ќе имаат евиденција кога и каде е направена трансакција, мобилното и електронско банкарство, како и вклучена месечната провизија за одржување на сметката. Вработените на УНИБанка се подготвени на секој клиент да му овозможат бесплатна обука за користење на електронското/мобилно банкарство, со што клиентите во иднина ќе заштедат и време и пари.
На ваков начин, граѓаните релаксирано може да пазаруваат, да патуваат, но да подигнуваат готовина од кое било место.
Моментално и услугата за отворање на нова трансакциска сметка е исклучително поволна, а за нова сметка во банката воопшто не се наплатува провизија. Има можност за СМС известување за трансакциите реализирани преку платежни картички, а сите промени на сметката може да се следат преку мобилно и E-банкарство. За обврските банката нуди можност за траен налог.
На своите сметки граѓаните по нивна желба добиваат картички кои се бесконтактни и од двата светски бренда Mastercard и Visa. Со картичките се овозможува брзина на плаќањето но и се заштедува време за плаќање на помали износи.
Сo промотивната понуда и поповолните услови УНИБанка во овој период сака да им излезе во пресрет на примателите на пензии од Еуростандард банка АД Скопје, овозможи на сите пензионери во брза и едноставна процедура одобрување на дозволено пречекорување во износ до 15.000 денари доколку имаат добра кредитна историја, да застане како нивен сигурен и доверлив партнер и да ги охрабри во донесувањето на одлуки.
Повеќе информации за сите промотивни пакети, услуги може граѓаните да добијат на веб страницата www.unibank.mk, на социјалните мрежи и на телефон 02/3 111 111 или во најблиската експозитура на банката.
