Како изгледаа Меланија и Иванка Трамп за новогодишната вечер?
Додека дел од американските медиуми посветуваат целосно внимание за уништување на јавната слика на претседателот Трамп, други се понежни кон неговата сопруга Меланија и најстарата ќерка Иванка кои ретко трпат политички критики, но затоа пак ги добиваат сите пофалби за стилот, елеганцијата и престижот кој доаѓа со нивните функции.

Претседателот Трамп заедно со неговото потесно семејство новата година ја прослави во приватен клуб во Палм бич кој е дел од нивниот имот на Флорида со познатиот ресорт Мар а лаго, заедно со сопругата Меланија, нивниот син Бајрон, како и со ќерката Иванка и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер кој е советник во Белата куќа.
За изгледот на првата дама и првата ќерка на САД се погрижиле скапи дизајнери како ERDEM и David Koma.
