Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како го поминувале денот Моцарт, Пикасо и Волтер? (инфографик)

Како го поминувале денот Моцарт, Пикасо и Волтер? (инфографик)

Дали некогаш сте се заинтересирале како едни од најуспешните луѓе и едни од најпознатите историски личности го поминувале секојдневниот живот?

Од онлајн платформата Podio се обидуваат да дадат објаснување на оваа тема во својот иконографик во кој се поставени секојдневните распореди на 26 големи имиња, како Волтер, Имануел Кант, Волфганг Амадеус Моцарт и Пабло Пикасо.

Освен дека станува јасно што правеле тие часови во текот на денот, при секој еден од нив се споменати и специфични активности и навики.

Така на пример, францускиот писател Оноре де Балзак спиел меѓу 18 и 1 часот по полноќ, по што станувал да работи до 8 наутро. Покрај тоа, тој сакал да пишува облечен во ... монашка облека.

До доцна во ноќта сакале да работат и авторите Франц Кафка и Густав Флобер, како и уметникот Пабло Пикасо, по што спиеле до подоцна наутро или до попладне.

Доста динамичен распоред имал композиторот Волфганг Амадеус Моцарт, кој спиел само по 5-6 часа, но пак наутро одделувал по цел час, за да се облече и подготви за денот. Доста време тој одвојувал и за компонирањето, за предавања, како и за оддржување на концерти. Исто така Моцарт ги сакал долготрајните ручеци со пријателите, кои понекогаш траеле 4-5 часа.

Волтер преферирал да работи во својот кревет долги часови до пладне, откако одделувал малку време за странични активности во текот на денот. Чарлс Дикенс пак работел по 4-5 часа во текот на денот, по што си правел долги прошетки низ Лондон. Навечер тој сакал да поминува долги часови во разговори со роднини и пријатели.

Еве и каков бил распоредот на часови на сите 26 историски личности. Повеќе детали за нивните секојдневни навики можат да се најдат на интернет платформата.



Слично

Поврзани вести