Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како до успешна кариера (по примерот на еден преварант)

Како до успешна кариера (по примерот на еден преварант)
Младиот Никола за 1000 евра купил коњ од некој газда на ранч. Газдата ветил испорака за 2 дена. Следниот ден газдата дошол и рекол, жал ми е момче, коњот загина. Никола рекол: Добро, тогаш вратете ми ги парите. Газдата. Жал ми е, не можам, веќе ги потрошив. Никола: Тогаш донесете ми го погинатиот коњ. Газдата: Зошто? Никола: Ќе распишам лотарија и наградата ќе биде коњ. Газдата: Не можете тоа да го направите. Никола: Секако дека можам, вие само гледајте. И немојте никако да кажете дека станува за збор за мртов коњ. После месец дена газдата се среќава со Никола и го прашува што се случи? Никола: Ништо посебно, распишав лотарија. За учество луѓето требаше да платат по 5 евра. Продадов 2.000 ливчиња и заработив 10.000 евра. Газдата: Зарем никој не се пожали? Никола: Не, се пожали само еден тип, тој што ја доби главната награда. Му ги вратив неговите 5 евра и му го покажав мртвиот коњ. Човекот не се бунеше. Никола денес работи во банка.
Слично

Поврзани вести