Економија, финансии, бизнис

Контакт

KAKO ДО РАБОТА: Преку оглас или препорака?

KAKO ДО РАБОТА: Преку оглас или препорака?

50% од луѓето кои се вработиле добиле работа преку оглас, пишува хрватскиот сајт Мојпосао кој за оваа цел анкетирал 1700 испитаници. 

Сепак 37% од луѓето работа добиле по пат на препорака. 

„Важно е поврзувањето, а не класичните врски“- вели испитаник. 

Друг пак додава дека за работа го известил колега кој исто така го препорачал. 

Само 13% добиле работа откако испратиле молба во компанија. 

„Отидов во канцеларија кај моите родители, и сосема случајно дојде жена која рече дека не може веќе сама да работи, дека и треба работник плус, а јас и кажав дека сум од тој сектор и дека имам искуство. Таа ми договори утредента да одам на разговор. Потоа неколку дена работев пробно, а потоа ме вработи“- вели девојка. 

Друг човек кој го споделил своето искуство рекол дека сегашниот работодавец една година го наговарал да премине во неговата компанија и кај него да работи. 

Слично

Поврзани вести