Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ДО ПОЛЕСНО ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД – ШВАЈЦАРСКО ИСКУСТВО ПРЕТОЧЕНО ВО МЕТОДОЛОГИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА

КАКО ДО ПОЛЕСНО ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД – ШВАЈЦАРСКО ИСКУСТВО ПРЕТОЧЕНО ВО МЕТОДОЛОГИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА

Потребата за усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд, несомнено наметнува подолгорочно разбирање на потребите од идни вештини кај работодавците за адекватно планирање на раст и развој на компаниите. Оттука меѓусебната комуникација и размена на податоци од доменот на тековни идни потреби за вештини помеѓу сите чинители (Државен завод за статистика, Народна банка, Агенција за вработување, Комора и работодавци) се наметнува како есенцијален фактор за подобро планирање на идните потреби на пазарот на труд со вештини. Комората како мост помеѓу компаниите и како главни креатори на потребата од вештини и државните институции како генератор на податоци кои служат за понатамошно прогнозирање на потребите од вештини, водени од швајцарските искуства ја изработија Методологијата надградба на вештини на вработените ориентирана кон работното место. Станува збор за методологија која опфаќа скенирање на работните задачи кои се обавуваат на една работна позиција и нивно преточување во вештини и клучни компетенции за подобро разбирање на потребите на работното место, но и дефинирање на нови вештини кои ќе бидат побарувани во иднина за истото работно место.

Оваа методологијата има за цел да поттикне култура на учење и развој преку систематски пристап кој ги поврзува индивидуалните и организациските капацитети за градење релевантни вештини кои одговараат на современите трендови, технички и технолошки аспекти кои влијаат врз трансформацијата на едно работно место. Дополнително моделот го олеснува идентификувањето на тековните и идни потреби од вештини на работните места што претставува јасен индикатор за креаторите на политики поврзани со намалувањето на јазот на пазарот на труд. Истата е базирана на „GO Model“ развиен од страна на Швајцарската федерација за образование на возрасните (СВЕБ), методологија која повеќе од 20 години успешно се применува во Швајцарија, но и останати земји во Европа и Африка.

Во насока на приближување на истата до крајните корисници – компаниите, беше реализирана работилница на која учествуваа претставници од менаџментот на компаниите, но и менаџери на човечки ресурси, а за подобро разбирање на процесите и фазите на истата, во соработка со две компании кои се вклучени во реализацијата на 

дуалното образование беше реализирано и пилотирање на истите кај работодавците, за одблиску да се запознаат со начинот на имплементација преку работа на студии на случај на конкретни работни позиции во самите компании.

Своите искуства од пилотирањето на Методологијата ги споделија и претставници од секторите за развој на човечки ресурси од компании кои се водечки членки на Комората.


Повеќе информации за самата Методологија на следниот линк.

Слично

Поврзани вести