Kако до поконкурентни земјоделски производи
Либерализацијата на меѓународната трговија преку елиминирање на пазарните ограничувања меѓу државите на ЕУ и промена на преференцијалните трговски договори како и развој на глобализацијата придонесоа за заострување на конкуренцијата на географска (регионално) и гранково ниво. За одделни сектори на проиводството поимите како пораст, продуктивност, ефективност и конкурентска способност добиваат ново ниво на мерење, при што колку е поотворена една економија толку повеќе се засилува бинарната важност односно конкурентска способност на национално (внатрешно) и меѓународно ниво. Конкурентската способност кај определена стопанска област, на пример земјоделството или храната, фокусира внимание врз нивото и промените во трговскиот биланс и (или) во резултатот на самата стопанска област. Според Шарплес и Милкам, да бидеш конкурентен е способноста да располагаш со стоки и услуги во време, место и вид, барани од купувачите по цени толку добри или подобри од други потенцијални понудувачи осигурувајќи задоволително ниво на ефективност на искористените ресурси. Портер (1990 година.), анализирајќи го значењето на партнерството (кластерите) заклучува дека: „современата конкуренција зависи од продуктивноста, а не од пристапот до суровини или големината на делување на секоја стопанска дејност. Тој смета дека значење има како функционира даден бизнис а не каде е.
Конкурентна е онаа дејност (гранка) која има капациетет за трајно и успешно присаство и ги запазува позициите на домашниот и странскиот пазар. Портер ги подвлекува значењето на општата продуктивност на индустријата специјално што се однесува за трошоците за работна сила кои се сметани за клучен индикатор кај националната продуктивност. Бидејќи меѓународната конкурентска способност е динамичен и гранков поим, се размислува за значењето на долгорочна конкурентска способност и динамика на компаративна предност. Постои интерес кон долгорочно затајување на задоволително ниво на конкурентска способност и се акцентира на потребите и задоложенијата произлезени како резултат на технолошките промени и подобрувања овозможени со исполнување на инвестициони средства.Фагерберг, предлага модел за конкурентната способност на меѓународни ниво со поврзување на развојот на пазарните делови со три вида фактори: способност за конкурентска способност на технологијата, потоа според ценовната конкурентност и трето располагање со производи, односно ефективен пристап до меѓународните пазари. Новата теорија за „стратешка„ трговија покажува, дека поединостите кај структурирањето на економските производства можат да се постигнат максимални ефекти на инвестиционите планови и политики. Во неа се подвлекува улогата на државата и Владата за обезбедување на конкурентска економска средина.
Кога ја анализираме конкурентската способност од аспект на бизнис, тогаш ја определуваме како способност за рентабилно производство и можност за определување на цени еднакви или пониски од оние што ги предлагаат други производители на определен пазар преку конкурентни цени и диференција на производи. Европскиот форум за менаџмент (1984 година) ја дефинира конкурентската способност како директна и идна или можност за претприемачите да проектираат, произведуваат и тргуваат со производство од светски размери, чија цена и квалитети се поатрактивни од тие што ги нудат локалните и странските конкуренти. На меѓународно ниво конкурентската способност се мери кога даден производ може да конкурира со други слични производи на светскиот пазар кога се земаат во предвид производните трошоци. Конкурентен производ може да опстане едновремено при увоз во земјата или да биде извезуван. Во случај ако не е конкурентен одреден производ, потребно е ограничување на увозот на тој производ, при што најчесто е ограничен неговиот извоз, а може да се пристапи кон субвенционирање на производството со цел да се постигне конкурентско способна цена.
Теоријата за стратешки менаџмент ја дефинира конкурентската способност како можност производството да е рентабилно и продукцијата да се нуди со добра цена. Според таа теорија постојат пет основни параметри на конкурентска способност: технологија, карактеристики на финансиските текови (приливи) економика на производниот процес, диференција на производите и надворешните фактори. Тие параметри имаат влијание на конкурентската предност на бизнисот и можност да бидат поделени на две основни категории: параметри кои се однесуваат на трошоците на производството и параметри кои имаат влијание на квалитетот на производот и квалитетот на организацијата на претпријатието. Кај овие параметри предностите за бизнисот се зголемуваат, се зголемува и пазарниот дел како и чистата добивка. Тоа се показатели кои се сметаат како критериуми за конкурентност.
Покрај тоа, користењето на пазарниот дел како показател за конкуретнтска способност е поврзано со определени ризици:
Друг поедноставен метод претставува мерење на процентуалното учество на одделни производства кон вкупните трговски движења на земјоделството (таб. 1). Во основа тоа покажува развој на долгорочен план на увозот и извозот за одделни производства во земјоделството од 2008 до 2013 год. Средните вредности во овој период се позитивни и за извозот и за увозот, но темпото на раст кај увозот се осетно повисоки од извозот, што води непрекинато кон зголемување на дефицитот во земјоделството. Во овој шестогодишен период, земјоделството го одржувало учеството во вкупниот извоз и увоз во РМ на приближно исто ниво, но исто така релативно слично се зголемило учеството во вкупниот извоз и увоз на РМ. Од анализа на податоците од табелата е јасно дека повисоките трошоци за увоз секој пат се однесуваат на категориите месо, жито и млеко, додека зголемување се забележува во извозот на овошје, зеленчук и тутун, а покрај нив во извозот важно и трајно значење добиваат и пијалоците.
Проф. Др. Борис Анакиев
- На макроекономско ниво пазарниот дел за извоз на земјата се мери врз база на сите групи на производи во согласност со хипотезата дека вкупната големина на извозот ни покажува колку е тој конкурентно способен. Тој пристап меѓутоа не ни дава информација за одделни производи. Затоа е подобро пристапот ако конкуретнската способност се анализира преку анализата на пазарните делови на извозот по производи.
- Оценката на деловите на надворешниот пазар не дава претстава за конкурентската способност на производството и на претпријатијата на домашниот пазар. Тие треба да се разгледуваат преку анализа на трговскиот биланс.
- Делот на надворешниот пазар често е мерка за оценка на конкурентската способност на ниво на претпријатие, без да се земе предвид како е постигнат.
- Оваа мерка не се однесува за случаи кога се во прашање големи компании кои оперираат на различни пазари како и мултинационалните претпријатија.
| Производи Година | Извоз % | Увоз % | ||
| 2008 | 2013 | 2008 | 2013 | |
| Живи животни | 0,1 | 0,1 | 0,0 | 0,0 |
| Месо и преработки | 0,8 | 039 | 2,6 | 2,6 |
| Млеко, преработки и јајца | 0,2 | 0,2 | 0,6 | 0,9 |
| Риба и преработки од риби | 0,3 | 0,1 | 0,4 | 0,4 |
| Жита и преработки | 1,0 | 1,6 | 1,7 | 1,5 |
| Зеленчук, овошје и преработки | 4,2 | 4,5 | 1,1 | 1,3 |
| Шеќер, преработки и мед | 0,3 | 0,3 | 0,7 | 0,9 |
| Кафе, чај, какао и зачини | 0,4 | 0,3 | 1,0 | 1,2 |
| Добиточна храна | 0,0 | 0,0 | 0,4 | 0,5 |
| Разни производи за исхрана | 0,5 | 0,5 | 1,0 | 1,2 |
| Пијалоци | 2,5 | 2,1 | 0,5 | 0,6 |
| Тутун и преработки | 3,1 | 4,3 | 0,3 | 0,6 |
| Маслодајни семиња и плодови | 0,1 | 0,1 | 0,2 | 0,0 |
| Животински и растит. суровини и материјали | 0,2 | 0,2 | 0,3 | 0,3 |
| Животински и растителни масла и восоци | 0,3 | 0,2 | 1,0 | 1,0 |
| Вкупно за земјоделството | 100,00 | 100,00 | 100,00 | 100,00 |
| Учество (%) во вкупниот извоз и увоз | 13,9 | 15,4 | 11,2 | 13,0 |
Слично
