Како до ниска цена на струја?
Процесот на либерализација на струјата како и што се очекуваше ја зголеми конкуренцијата и доведе до пониска пазарна цена на струја. Компаниите најчесто контактираат со неколку од лиценцираните трговци, добиваат понуди и ја избираат најповолната за нив. До 15 ноември треба да склучат договор со лиценциран снабдувач, а од 2015 ќе добиваат две фактури една од ЕВН дистрибуција и една за потрошена енергија од онаа лиценцирана компанија со која ќе склучат договор.
За сите компании кои ќе ни испратат фактури за електрична енергија на retail@engservice.mk, правиме бесплатна анализа, им ја прикажуваме заштедата, а потоа им праќаме предлог модел на договор. Цената која ја нудиме е крајна, без дополнителни трошоци, и таа е загарантирана за целокупното траење на договорот кој ќе се потпише. Дефинитивно нудиме можност да се набави електрична енергија по конкурентна цена на пазарот, а деловните субјекти да ги намалат трошоците и да ја зголемат својата ефикасност во работењето. Ние за клиентот ги пријавуваме броилата и континуирано се грижиме, а на крај испраќаме фактура за потрошена енергија, изјавија од лиценцираната компанија Енерџи сервисис, која е еден од првите 4 лиценцирани снабдувачи со електрична енергија во Македонија, која дава сеопфатни услуги во делот на снабдување и трговија со енергија, и која благодарение на својот стручен тим може да предвидува, планира и реализира трговија и на меѓународно ниво, да креира флексибилни решенија за секоја компанија без оглед на нејзината големина, велат од компанијата Engservice.Здрава конкуренција и намалување на трошоците за струја на компаниите беше и една од главните цели на процесот на либерализација. Компаниите треба добро да ги разгледаат сите понуди пред да се одлучат за снабдувач со електрична енергија. Стабилноста во испораката и парнерскиот однос со трговецот се работи на кои исто така треба да се внимава. Процесот на снабдување со електрична енергија не е нешто што треба да се прави на дневна основа, туку треба да биде долгорочно планиран сметаат експертите. Секако во иднина секое зголемување на домашните капацитети ќе значи зголемено домашно производство на електрична енергија, и помал увоз од странство.
Слично
