Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Како дизајнот на градот може да поттикне инклузивна мобилност?“

„Како дизајнот на градот може да поттикне инклузивна мобилност?“

Колку често ги забележуваш останатите луѓе кои се движат околу тебе? Дали понекогаш разменуваш поглед со луѓето по патот и колку си свесен за твојата околина? Добриот дизајн на градови треба да поддржува пристапност за сите негови жители. Колку се активни граѓаните низ градот зборува за степенот на здравје, но и слобода која тие ја чувствуваат во градот. За дел од граѓаните, оние кои повеќе ги забележуваат пречките на улиците и пешачките премини, движењето низ градот не претставува слобода туку голема препрека. 

Токму оваа тема ќе поттинке дискусија за споделување идеи и размислувања на првиот TEDxSkopjeSalon за оваа сезона на тема „Како дизајнот на градот може да поттикне инклузивна мобилност?“, кој ќе се одржи на 18.09.2019, со почеток од 19:00ч во просториите на “Co&Work Hub”. 

Дел од прашањата на кои како што велат организаторите ќе се дискутира вклучуваат: Како може да имаме град кој ќе поттикне инклузивна мобилност, еднаква за сите негови жители? Дали и колку влијание има секој од нас за мобилноста и безбедноста во градот? Како до подобро планирање на градовите или трансформација на истите? 

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликациja на следниов линк: https://skrati.mk/InclusiveMobility најдоцна до 13.09.2019, 12:00 часот на пладне. 

Дознајте повеќе информации на фб настанот. 

Настанот е независно организиран ТEDх настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на партнер организациитe, експерт гостите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени. Повеќе за Salon типот на настани може да дознаете овде: https://skrati.mk/Salonevents 

Официјалниот TEDxSkopjeSalon настан може да го погледнете на овој линк: https://www.ted.com/tedx/events/35761

Слично

Поврзани вести