Како да се пронајде злато без детектор, па дури и кај нас: Научниците со откритие
Австралиските научници откриле дека некои видови дрвја можат да послужат како показатели за местата каде има големи наоѓалишта на злато.
Според студијата објавена во списанието „Nature Communications“, откритието треба да го олесни пронаоѓањето на подземни наоѓалишта на непристапни места.
Д-р Мел Линтерн, геохемичар од австралиската асоцијација за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот (ЦСИРО), вели дека неговиот тим открил дека некои дрвја, како еукалиптус кој пушта корени на длабочина од околу 40 метри, пренесува златни честички од почвата до лисјата. Лесно достапните локации во Австралија и низ целиот свет веќе се пронајдени во голема мерка, вели Линтерн, па затоа е неопходно да се бараат нови извори што е тешко да се најдат. А, според него ги има многу, посебно по Европа и на Балканскиот полуостров.
Повеќе на Машки магазин овде
