Како да се изборите со стравот на вашето дете?!
Малите деца од три до пет години се плашат од мрак, односно темница. Со семејна терапија помогнете му на детето да го совлада стравот.
Скоро секое мало дете се плаши да остане само во темница, сепак тоа минува со текот на годините, но тука се родителите и нивната стрпливост за да го смират и пребродат стравот од темница. Низ игра можете да го ослободите детето од стрв од мрак или слични ситуавии.
На пример играт жмурки, може да го ослободи од страв од мрак и затворен простор, па и од непознати ситуации. Вака детето ќе стекне поголема самодоверба и ќе биде посигурно.
Додека играте жмурки, детето се крие и не се издава, а со тоа и е претпазливо, а родителот го бара, во темница, па на тој начин се ослободува од влијание на мракот. Оваа игра практикувајте ја неколку дена, а во меѓувреме сменете ги улогите, па детето нека ве бара вас.
Навечер додека читате некоја бајка, изгаснете го светлото и продолжете да раскажувате во темница. И ова правете го неколку пати, неколку дена, после една седмица, кажете му дека мора да станете и дека ќе се вратите за неколку минути. Минутите секојдневно зголемувајте ги. Ќе почне само да заспива.
И одлучете се временски да легнува во исто време и во исто време да станува.
