Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да преживееш во понеделник на работа

Како да преживееш во понеделник на работа
Понекогаш се чини невозможна мисија да останете нормални во понеделник на работа. Еве како да си го олесните и овој ден. Без паника Нека ви стане пракса во петок кога ќе завршите со обврските да си го средите работното место, бирото, материјалите за работа, да го ичистите инбоксот од непотребните мејлови и слично. Така секој понеделник кога ќе дојдете на работа ќе ве пречека организиран работен простор, па ќе бидете малку растеретени. „Прочистете“ ја листата на обврски Немојте да се преоптеретувате со предолги списоци на нешта кои треба да ги направите во првиот работен ден од неделата. Така ќе изгубите фокус. Одредете што е најважно и направете го тоа денес, а останатите нешта нека почекаат за од утре. Работната недела има 5 дена, не мора сѐ да завршите денес. Започнете со тоа што го сакате Во понеделник почнете да го работите она што во што најмногу уживате. На тој начин ќе порасне вашата мотивација, па нема да се мачите со оние обврски кои не ги сакате. Испланирајте нешто интересно за крајот на денот За после работа испланирајте афтер парти, или за вечер некоја средба со пријателите или прошетка со партнерот. Сѐ изгледа многу подобро кога имате нешто што ќе ве развесели на крајот од денот.
Слично

Поврзани вести