Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да препознаете топлотен удар?!

Како да препознаете топлотен удар?!

Високата надворешна температура во комбинација со голема влажност на воздухот може да доведе до топлотен удар, кој настанува во момент кога телесната температура нагло расте преку 41 степен. Процесот на нагло растење на температура се случува во многу краток временски период, за само десет до 15 минути, а го следат бројни симптоми кои е важно на време да ги воочите!

Симптомите се сува и топла кожа, отежнато дишење, вртоглавица, замор, низок крвен притисок, тахикардија, мачнина, повраќање, одсуство на потење, грчеви, губење на свест. Настапува нагло, понекогаш и без најава - изненаден колапс.

За да му помогнете на лицето кое доживеало топлотен удар, потребно е, на прво место, однесете го на ладно или разладена просторија и отстранете и ја непотребната облека.

Ако е можно, туширајте ја со млака вода, ако не , ставете облоги од млака вода, а исто така е важно веднаш да почнете со давање на течности. Меѓутоа, доколку личноста е без свест, ставете ја во бочна положба и веднаш повикајте Итна помош.

За кој е најопасен топлотниот удар?

На исклучително високи температури најосетливи се децата како и хроничните болесници. Постарите се исто така загрозени бидејќи послабо чуствуваат жед и не земаат доволно течности. И врвните спортисти, но и рекреативци, ако се доволно долго изложени на физички напори на високи температури, може да имаат тегоби, од грчеви до губење на свест.

Како да се заштитите од топлотен удар?

-Носете облека во светли бои, од памук и со нешто задолжително заштитете ја главата.

-Прилагодете го менито на големи горештини, да речеме, доручкувајте интегрален леб со семки , со парче сирење и домати. За ручек направете ладна салата од зеленчук со маслиново масло, а за ужина е добар избор ладно овошје со јогурт.

-Пополнетите (дебели) лица мора да внесуваат повеќе вода отколку оние со просечна телесна тежина. Доколку вашата мокрача е со темна боја, значи дека организмот има потреба од повеќе течност. Препорачливо е да не се пијат многу разладени пијалоци. Дехидрацијата може да ја избегнете со земање на лимонада на секои час или два, додека децата на секои 15-20 минути треба да земаат од една до две лажички. Немојте да чекате да почуствуватев жед за да внесете течност.

-Нека вашата исхрана биде богата со овошје и зеленчук, лесно месо и зачини, кратко обработувајте ја храната и избегнувајте долго стоење покрај шпорет, бидејќи високите температури може да бидат кобни. Ладна лубеница и диња се идеални како слатко освежување.

-Туширајте се или бањајте со млака вода, а на децата влажни пешкири ставајте им на раце и нозе.

 -Избегнувајте долго возење во текот на денот, а доколку сепак патувате, правете чести паузи.

Слично

Поврзани вести