Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да ја прифатите или одбиете понудата од ИутеКредит за одложено плаќање на кредитни обврски?

Како да ја прифатите или одбиете понудата од ИутеКредит за одложено плаќање на кредитни обврски?

Во тек е 10 дневниот рок на важност на понудата од ИутеКредит за промена на договорните услови со кои е предвидено надминување на финансиските потешкотии за сервисирање на кредитните обврски, предизвикани од пандемијата на COVID-19.

Согласно објавената Понуда за промена на условите за сервисирање на кредитната изложеност од страна на корисниците на кредити на ИутеКредит, сите оние кои НЕ ја прифаќаат понудата и сакаат да продолжат со редовна отплата на кредитните обврски потребно е да испратат известување до финансикото друштво наведувајќи потребните податоци согласно инструкциите во истата.

Со цел да се овозможи најбрзо и најкомфорно процесирање на барањата за одбивање на понудата, на веб страната на ИутеКредит е објавена онлајн форма која е достапна на следниот линк: https://bit.ly/2KmB5EF

За сите клиенти кои нема да поднесат известување за одбивање на понудата по пошта или електронски во предвидениот рок до 19.04.2020, истата ќе се смета за прифатена.

Во своето известување за објавената понуда, од финансиското друштво ги советуваа сите свои клиенти кои се во можност со редовна отплата така и да продолжат во наредниот период, како поисплатлива опција од самото одложување.


Слично

Поврзани вести