Како да ја објaсните долгата пауза без работа во вашето CV?
Кратката или долга пауза без работа во вашата кратка биографија ќе мора некако да ја потполните, затоа што тој податок нема да изгледа добро во очите на работодавецот.
Сајтот Purewow дава предлози како да нема празнина во вашето CV.
За почеток не спомнувајте породилно отсуство, прескокнете го.
Организирајте ја вашата биографија по категории, а не хронолошки.
Групирајте го вашето искуство во групи како професионално, образовно и волонтерски.
Прилагодете го вашето CV за позицијата за која конкурирате.
Додека не одите на работа, искористете го времето за посета на семинари, конференции, курсеви, со што ќе бидете поконкурентни и посамоуверени.
Слично
