Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да ја добиете секоја работа за која сонувате?!

Како да ја добиете секоја работа за која сонувате?!

Разговорите за работа не се најпријатно искуство, но се нешто низ кое што сите мора да поминеме за да ја добиеме позцијата за која сонуваме.

Едноставно е да зборувате зошто сте добар кандидат и зошто ја сакате оваа работа. Сепак, постои едно прашање поради кое сите се ужаснуваат и на кое кандидатите воглавно „паѓаат“ а тоа гласи: „Која е вашата најголема слабост“?

Еден маж одлучил да го постави ова прашање на една интернет страница како би ги видел одговорите на другите луѓе.

Стигнале околу 1 600 коментари а меѓу нив се нашол и еден совет како при одговорањето на тоа прашање треба да изгледате полни со самодоверба и искреност, но не претерано искрени.

Еден корисник напишал: „Можеби би требало да напишете како понекогаш имате проблеми со делењето на задачата. Можете да речете како се сакате да правите сами бидејќи така сте сигурни дека резултатот ќе биде по вашите стандарди, но нагласувате како настојувате да ја промените таа своја особина.“

Девојка се сетила како пред година дена била на интервју со уште три луѓе во собата. Тоа прашање и било поставено на една личност која одговорила : „Хм, немам слабости“.

Корисничката која ја добила оваа работа останала избезумена со одговорот на оваа личност.

Другите како свои слабости навеле: „Тешко прифаќам пораз“.

Со тој одговор може да дадете и објаснување како она дека тоа ве турка напред, односно дека не работите двојно повеќе за да не ја направите истата грешка повторно. „Тоа се покажало како добар одговор на моето последно интервју“, пишува во коментар еден од корисниците.

Ако сакате во сето ова да додадете и малку хумор, може да го послушате советот на овој корисник.

„Немојте ништо да зборувате, туку извлечете ја личната карта од џеб и речете како секогаш се подготвувате повеќе отколку што е потребно“, напишал еден корисник.

„Моја најголема слабост е што не сум свесен во вистинско време“, напишал друг корисник кој смета дека со хумор може да се освои шефот.

Тука се нашле и многу корисни совети.

„Ако кажете дека не работите добро во опкружение со други луѓе, тоа е апсолутна кататстрофа“. Како добар пример е наведен следниот одговор:

„Не го познавам добро програмот ексел, но планирам да тргнам на курс во текот на овој месес“.

Има и такви кои се сеќаваат на интервјуа со кандидати:

„На разговор за работа ми дојде маж кој на прашањето што му е најголема слабост одговорил “жените“. Ја продолжил својата приказна па дури открил дека сопругата го фатила за време на изневера.

Тоа не бил вистинскиот одговор, рекол тој.

Слично

Поврзани вести