Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да ги заштитите децата од летните горештини?

Како да ги заштитите децата од летните горештини?

Кои мерки треба да ги преземеме во летната сезона, за да ги заштитиме децата од ризиците кои ги кријат високите температури и штетните сончеви зраци.

Не го оставајте да дехидрира

Колку помали се децата, толку се поранливи и изложени на ризик од дехидрација. Ова се должи на фактот дека од една страна се потат повеќе, а од друга топлината не се шири рамномерно во нивното тело. Посебно да се внимава и на бебиња бидејќи тие не можат да кажат дека се жедни. Затоа е важно родителите често да им нудат да пијат течности.


Во уште поголем ризик се децата кои страдаат од хронични болести кои влијаат бубрезите или кардиоваскуларниот систем, бидејќи тие често се принудени да прифатат лекови кои имаат диуретично дејство, кое секогаш ја зголемува загубата на течности.

Не му давајте вода на новороденче

Во првите месеци од животот на новороденчето, тоа не треба да прима вода. Тоа не е проблем, бидејќи мајчиното млеко се состои од повеќе од 95% вода. Поради оваа причина, не само што не е потребно земањето на повеќе вода, но исто така на бебето не треба да му се даваат и други течности (билни чаеви, сокови и др), во прилог на мајчиното млеко, во првите четири до шест месеци. Ова е важно, бидејќи во спротивно ризикувате стомакот на бебето да се полни и тоа да чувствува лажно чувство на ситост, што може да доведе до воспоставување на лоши навики.

Обезбедувајте им на децата храна богата со течности

Во летото дајте и предност на храна богата со овошје и зеленчук. Таа содржи висок процент течности и минерали кои лесно се губат преку потење. 


Истовремено ограничете го пристапот на децата до масна храна, бидејќи тие помагаат за произведувањето на топлина и го зголемуваат ризикот од прегревање на организмот.

Не ги оставајте да стојат надвор во најжешките часови од денот

Во часовите околу пладне е добро детето да не се изложува на директна сончева светлина. Ова важи кога сте на море, така и во градот. До 6-месечна возраст сонцето е особено опасно. Запомнете дека капите не се доволни за да гја о заштитат нежната детска кожа од ултравиолетовите зраци, бидејќи тие имаат способност да помине низ ткивата.

Внимавајте со поставките на климатизацијата


Климата е вистинско спасение од летните горештини и може да биде поставена и во детската соба. Се разбира, треба да внимавате со прилагодувањата и да се избегне прекумерното намалување на температурата во собата, која ќе направи аплитудата меѓу надвор и внатре голема, затоа треба да ја намалите јачината на воздушната струја и да ја наместите насоката и на таков начин што нема да биде директно надолу. Добра алтернатива на климатизацијата за детската соба е и вентилаторот кој не е така опасен за здравјето, но пак лади многу побавно.

Освежителен туш

Ако времето е премногу топло, еден од начините да останете со постојана и здрава температура, особено кај малите деца е капењето. Можете да го тушите вашето бебе по неколку пати на ден. Важно е да користите мало количество препарати, за да се избегне иритација на кожата. Соодветни се производите на база на оризен скроб или овес, кои го имаат ладењето и смирувачко дејство.

Слично

Поврзани вести