Како да бидете поефективни на работа?
Дали знаете дека во просек 41% од задачите кои ќе ги ставите на листа ќе останат незавршени?
Тоа се случува затоа што луѓето не знаат да се организираат и да направат листа на важни податоци.
Првата задача мора да биде најважна. Листите на задачи не се само за потсетување, туку и за да се одредат приоритети.
За секоја задача одредете рок. Било да се тоа дневни или неделни обврски, утврдете рок до кога тие треба да бидат исполнети. Рокот мора да биде реален, но не се опуштајте. Ако некоја задача е пообемна, сработете ја во етапи.
Утврдете што навистина се ваши задачи, а што на вашите колеги.
Што и да работите и независно на која позиција сте многу е важно да бидете продуктивни.
Тоа е тајна која успешните луѓе ја прават цел живот.
Тоа ќе ви донесе многу деловни можности, и нормално заработка која одговара на вашите квалитети.
