Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Црвената панделка стана симбол на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА?

Како Црвената панделка стана симбол на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА?

Денес, 1 декември, се одбележува Светскиот ден за борба против сидата и тоа е шанса луѓето ширум светот да се обединат во борбата против ХИВ, покажат поддршка кон луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА и да се сетат на оние кои починале.

Светскиот ден за борба против сида прв пат е одбележан во 1988 година и е прв глобален ден за здравјето. Денес науката доста напредна во терапијата за ХИВ и постојат закони кои ги штитат лицата кои живеат со ХИВ. Но и покрај тоа, луѓето воглавно не знаат како да се заштитат себе и другите од ХИВ и стигмата и дискриминацијата останаа реалност за многу луѓе кои живеат со ХИВ. Светскиот ден за борбата против сида е важен да ја потсети јавноста и владите дека ХИВ не исчезнал-дека постои и понатаму витална потреба да се соберат средства, подигне свеста, победат предрасудите и да се подобри образованието.

Иако овој ден е добра шанса пошироката јавнност да почне да зборува за тоа и да се спроведе знаењето во акција, не смееме да заборавиме колку е важно да се јакне свеста за ХИВ во текот на цела година.

Како можете да го поддржите Светскиот ден за борбата против СИДА?

-Со подигање на свеста на луѓето за ХИВ и сида во својата околина.

-Носењето на црвена панделка и предложување на другите лица да го направат истото.

-Така што ќе се заштитите себе-ова е примарен и најважен начин да се запре ширењето на ХИВ.

-Ако мислите дека постои причина – тестирајте се на ХИВ.

-Црвената панделка е меѓународен симбол кој ја одразува свеста за постоење на ХИВ/СИДА

Триесет години после првите случаи на ХИВ, црвената панделка е универзален симбол на свест и поддршка на оние кои живеат со ХИВ. Луѓето ги носат во текот на цела година, а посебно во време на 1 Декември-Светскиот ден зн борба против HIV/AIDS како би ја изразиле својата загриженост за ХИВ и сида и луѓето кои живеат или се опкружени со нив.

Црвената панделка е прва панделка која стана симбол и подоцна инспирираше разни верзии како што е на пример, розевата панделка за борба против рак на дојка.

Повеќе за тоа како црвената панделка стана симбол на овој ден читајте на Женски магазин. 

Слично

Поврзани вести