КАФЕ БАР БАСТИОН: Градоначалникот на Општина Центар руши објекти за кои има издадено дозвола
Денес 27 јуни 2018 година Општина Центар насилно, без соодветна документација, а без да ја почитува веќе издадената дозвола од страна на Град Скопје, изврши рушење на дел од терасата на еден од најстарите кафе барови, а воедно и своевиден скопски бренд Бастион, информираат од Кафе барот во соопоштение испратено до нашиот медиум, а го пренесуваме целосно:
„Почитувани
медиуми!
При незаконското уривање со налог кој гласи на извесно физичко
лице, а не на име на нашиот правен субјект, спротивно од веќе издадената
дозвола за работа од страна на Градот Скопје, градежниот општински инспектор изврши
рушење на дел од објектот. Кафе барот Бастион кој вработува повеќе од 30 лица,
кој е еден од најпосетуваните туристички и угостителски објекти во градот веќе
неколку пати, а во интерес на севкупната угосителска понуда во Општината се
обидуваше да најде взаемно решение со Градоначалникот на Општина Центар, но за
жал нашите напори беа залудни. Очигледно, на Градоначалникот Богдановиќ, му беа
потребни спектакли за да покаже дека нешто работи, па во сред работно време
пред туристи и гости се одлучи да покаже сила и моќ, а пред граѓаните на
Општината дека работи во нивен интерес, иако со интервенцијата ги покази сите
документи кои истата ги има донесено. Очигледно е јасно дека популарниот Српче
нема визија, како сака да изгледа централната градска општина. Па од тотална неинвентивност
и немање одговорност за заедништво, почнува со лични пресметки! Токму затоа ние
како угостителски објект, но и останатите објекти на улицата Аминта Трети, му
ги поставуваме следниве прашања:
1. Зошто Општина Центар не обезбеди налог за рушење кој ќе гласи на правно лице т.е. на нашиот угостителски објект, туку со погрешен налог на извесно физичко лице пристапи кон рушење?
2. Дали е точно дека Градоначалникот на Општина Центар Саша Богадновиќ познат како Српче има стан во објектот каде што се наоѓа кафе барот Бастион?
3. Зошто се одлучи во работно време да руши објекти и зошто не најде време да седне на маса и да најде взаемно решение за изгледот и функционалноста на најпознатата угостителска улица во Општината?
4. Дали Српче има визија и план за наредниве 20 години (како што ветуваше) како да изгледа центарот на градот и има ли идеја како да ја збогати туристичката и угостителска понуда во градот? Има ли план како да ја промовира улицата Аминта Трети (како што ветуваше)?
5. Дали Општината останува на својата замисла да го унапредува туризмот и угостителството на неколкуте улици во Општината? Боемска на пример е дело на самата Општина, каде што истата вложи пари на граѓаните и на големо ја промовираше како успех на Општината?
6. Има ли план Градоначалникот во наредниот период да влезе во Угостителскиот бизнис? За која локација е заинтересиран?
7. Знае ли градоначалникот Српче, колкави се приходите кои Општината и Државата ги добиваат само од објектите кои се наоѓаат на улицата Аминта Трети? Свесен ли е за перцепцијата на домашните и странските туристи за улицата Аминта Трети? Дали планира да вложи подеднакво средства за реконструкција и разубавување на истата како атрактивна труристичка понуда, како во случајот со Боемската улица?

Искрено се надеваме дека Саша Богдановиќ во интерес на граѓаните на Општина Центар, а и во интерес на јавноста, ќе најде време помеѓу две рушења, да одговори на овие прашања. Во спротивно Кафе барот Бастион, во соработка со Здруженијата на угостители ќе мора сам во јавноста да ги презентира овие одговори...“, стои во соопштението испратено до медиумите.
