Каде живеат и со што се хранат најздравите луѓе во светот?!
Исланд, Сингапур, Андора, Шведска и Велика Британија се петте земји со најздраво население.
Истражувањето за здравјето на населението во земјите ширум светот е направено во септември месец. Користени се податоци од истражувањето за сериозноста од болести, повреди и ризик фактори од 1990 до 2015 година, како и социо-демографскиот индекс, пишува Business Insider.
Според нутриционистите топ петте земји се и оние со најдобри навики во исхраната. Според нив диетите на земјите со најздраво население вклучува голем број на важни хранливи материи како омега-3 масни киселини и антиоксиданти.
Британија го зазема петтото место на листата. Тоа, според нутриционист Шона Вилкинсон, е поради новите и модерни хранливи трендови. Таа е на мислење дека Британците се оддалечиле од ревидираната храна за сметка на локалните сезонски производи.
Андора го зазема четвртото место и причината за тоа е потрошувачката на вино. Социо-демографскиот индекс предупредува дека конзумирањето алкохол е поголем проблем кога станува збор за светското здравје, но малата народност во Андора, е на второ место по потрошувачка на црвено вино во светот. Црвеното вино содржи антиоксиданс наречен ресвератол, кој, според Вилкинсон, може да спречи срцеви заболувања, како и високиот холестерол, бранејќи ги црвените крвни зрнца и тромбоцитите. Црвеното вино, освен тоа, може да спречи формирањето на згрутчување (тромб), кои пак можат да доведат до мозочен удар.
Две скандинавски земји влегуваат во првите пет здрави држави. На трето место е Шведска.
Д-р Мерилин Гленвил, нутриционист и автор на книгата „Природна алтернатива на шеќерот“ вели дека шведската диета содржи многу храна, која е лесно апсорбирачка.
Британскиот нутриционист Лили Сотур вели дека билките и зачините кои се содржат во сингапурската кујна го спречуваат развојот на некои болести а тоа е една од многуте причини Сингапур да биде втората земја со најздраво население. Сотур е на мислење дека зачини како ѓумбир и куркума, кои се главните состојки од кои се прави традиционалното кари во земјата , имаат антиинфламаторно дејство, смируваат и помагаат против повраќање.
Покрај тоа ѓумбирот го зајакнува метаболизмот и на тој начин помага постигнување на виталните хранливи материи до органите.
Исланд ја предводи листата за најздраво население. Според диетолозите причината за тоа е стриктната политика на Владата на контрола на храната, како и на приносите на свежа риба. Рибата игра клучна улога во животот во земјата - лососот и харингата се најчесто консумираната риба во земјата, а точно тие содржат најголеми количества Омега - 3 масти кои го забавуваат ослободувањето на јаглехидрати во организмот.
