Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде утре ќе има прекини на струја?

Каде утре ќе има прекини на струја?
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, утре од 9 до 13.30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Мршевци, Бујковци, Грушино, Миладиновци, Текија и Дељадровци, како и објектот на Макпетрол-плинара и наплатната рампа на автопатот во општина Илинден. Во периодот од 09.15 до 15.30 часот без струја ќе останат корисниците од ул.„Брсјачка Буна“ во општина Шуто Оризари, а од 11.30 до 15.30 часот и сервисите кои се наоѓаат на раскрсниците меѓу улиците „Илинден“ и „Љубљанска“ во општина Карпош.
Слично

Поврзани вести