Каде утре ќе нема струја?!?
Утре од 9 до 15 часот и 30 минути без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците во населба Илинден на улица „9“, кај новиот Културен дом, информира регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од населба Крњево на улиците „171“ и „172“ во општина Центар, а од 9 до 11 часот корисниците од село Студеничани.
Од 11 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Браќа Галеви“ и „Веле Марков“ во населбата Ѓорче Петров, а од 11 до 15:30 часот трафостаниците на Гранит на Качанички Пат во општина Чучер – Сандево, стои во соопштението од РЦУК.
Слично
