КАДЕ СЕ МОЖЕ ДА ПАТУВАТЕ: Кои се пасошите кои отвораат најмногу граници?
Откако Бугарија е членка на Европската унија, граѓаните можат слободно да патуваат во рамките на Унијата и државите сојзунички. Значи не е потребен пасош за преминување на границата, туку само лична карта. За други дестинации сепак се потребни и визи.
Бугарскиот пасош дава релативно висок слободен пристап, според листата на "Индекс на пасошот", што покажува колку граници може да бидат посетувани слободно со личните документи на секоја држава.
Видете ги првите 15 места во светот, меѓу кои спаѓа и Бугарија. Сликата покажува во колку земји може да се влезе непречено со релевантниот пасош:
1. САД и Велика Британија - 147 држави 2. Германија, Франција, Јужна Кореја - 145 држави 3. Италија и Шведска - 144 држави 4. Сингапур, Јапонија, Данска, Финска, Холандија, Луксембург - 143 држави 5. Швајцарија и Канада - 142 држави 6. Унгарија, Ирска, Португалија, Белгија, Норвешка, Шпанија - 141 држави 7. Малезија, Грција, Австрија - 140 држави 8. Нов Зеланд - 139 држави 9. Кипар, Чешка, Австралија - 138 држави 10. Словачка и Полска - 137 држави 11. Хонгконг и Малта - 136 држави 12. Исланд и Словенија - 135 држави 13. Естонија и Латвија - 134 држави 14. Бугарија и Литванија - 132 држави 15. Лихтенштајн - 131 држави
