К О Н К У Р С за избор и реизбор на предавачи, обучувачи и тренери на професионалните специјализации (обуки)
Управата од С.Р. Германија, под водство на проф. д-р Улрих Цајтел и членовите проф. д-р Роналд Глејх, проф. д-р Мајк Шулц и д-р Брижит Спилман, а врз основа на Член 141 и 142 од Законот за високото образование, Статутот и Правилникот за условите и критериумите за ангажирање на надворешни соработници (предавачи, обучувачи и тренери) за стручни специјализации за доквалификација и преквалификација, за потребите на ПНУ Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје и Германската високообразовна установа - Висока стручна школа „ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ“ врши избор и реизбор на предавачи, обучувачи и тренери во областите на:
⦁информатички технологии (сајбер безбедност, софтверско инженерство, деловна интелигенција и големи податоци);
⦁дигитални и дизајн комуникации;
⦁финансии;
⦁сметководство;
⦁контролинг;
⦁банкарство;
⦁осигурување;
⦁мехатроника; и
⦁меки вештини.
Прием на пријавите и документацијата се врши на: Ул. „Орце Николов“ бр. 75, 1000 Скопје или на e-mail: info@ibmhs.eu
Апликациите кои се навремено доставени и со потполна документација, потоа, од страна на канцеларијата во Скопје се доставуваат до главната филијала во Хајделберг, С.Р. Германија (Vangerowstraße 18, Heidelberg, Germany) на разгледување и конечно одлучување.
Кон пријавите кандидатите треба да достават:
⦁Биографија на Англиски јазик;
⦁Доказ за завршено соодветно образование од областа за која конкурираат;
⦁Најмалку 4 години работа во професијата која е еквивалентна на областа за која конкурираат;
⦁Список со листа од учество на домашни и меѓународни едукации, семинари, конференции и сл. на областа за која конкурираат; и
⦁При аплицирањето, предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во стручна едукација, преку реализација на обуки, тренинзи и специјализации, како и учество на конференции како говорници.
Ненавремено доставените пријави, како и пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат.
Конкурсот трае 10 (десет) дена од денот на објавување во јавните гласила.
За кандидатите кои ќе бидат избрани за соработници на установата, наставата ќе ја изведуваат хибридно, во просториите на Хајделберг Факултет во Скопје, на улица „Бул. Трета Македонска Бригада“ бр. 1, 1000 Скопје и Online.
