Ќе се отвори филијала на Халкбанк во Кичево
Денеска во посета Регионалната комора во Кичево и слободните економски зони во општината пристигнаа трговскиот атеше на Турција во Македонија Шенол Туркилмаз и директорот на Халкбанк за Македонија, Туркан Адеми.
Тие се сретнаа со претседателот на Комората Игор Соколески и со градоначалниците на Кичево и Осломеј, по што ја посетија и општина Пласница за да видат со какви природните ресурси располага овој регион. Притоа директорот на Халкбанк најави дека банката наскоро ќе отвори филијала во Кичево, а градоначалниците изразија надеж дека ќе влезат турските инвестиции, што ќе овозможи отворање нови работни места и ќе се создаде перспектива за младите од овој регион.
Слично
