Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јужноафриканскиот бизнисмен си купил милениче, тигар

Јужноафриканскиот бизнисмен си купил милениче, тигар
Јужноафриканскиот бизнисмен си купил дополнителна заштита, односно бенгалски тигар кој го крстил Ензо. Тигарот е тежок 150 килограми, а живее со Мајкл Џејмисон и неговата девојка Џеки. Бизнисменот вели дека отсекогаш  сакал да има тигар, а одлуката ја донеле откако два пати биле мета на вооружени грабежи. „Се чувствувам многу сигурно кога е Ензо тука. Сакав тигар и сега го имам“, изјавил Мајкл. Тигарот кој има една година всушност е едно големо бебе. Тој спие со своите газди во кревет, а ужива да јаде на кујнската маса. Секој ден го хранат со млеко од шише, а покрај тоа јаде и четири килограми месо на ден. Веднаш откако бил донесен да живее во семејството, полицијата и офицери од оделот за заштита на животни дошле да ја проверат неговата состојба.
Слично

Поврзани вести