„Јутјуб“ воведува гледање на видео од повеќе агли
„Јутјуб“ воведува нова функција „CYV“ (Choose Your View), која ви овозможува да го смените аголот на одредена видео содржина која ја гледате.
Ова е постапка која овозможува гледање на видео содржини и промена на аголот на гледање во секое време, што е донекаде сличен на некои DVD / Blu-ray или видео-игри.
Видео содржините, тогаш ќе бидат во можност да се видат од четири различни агли со едноставно кликнување со глувчето на различни опции, камери кои ќе се појавуваат на десната страна од видео содржините или со притискање на одредени копчиња на тастатурата од вашиот компјутер.
Ракувањето е многу едноставно а трансферот е направен во дел од секунда.
Гледачите ќе одредуваат од кој план ќе ја гледаат содржината и всушност ќе бидат во улога на режисер, бидејќи тие директно го утврдуваат распоредот на сцената според желбите од кој агол би гледале, овој новитет беше објавен на веб порталот zone-numerique.com.
