ЈСП:Плати една карта, а вози се цел ден
Јавното сообраќајно претпријатие на град Скопје размислува да воведе дневна автобуска карта која ќе се купи еднократно, а ќе важи во текот на целиот ден или пак само 90 минути.
Се работи за нова електронска наплата со која корисниците може да сменат неколку автобуси, притоа без да треба да купуваат нов билет.
Доколку се воведат дневните карти за автобус, ќе се намали готовината кај возачите, времето на стоење на постојките, а и претпријатието ќе има поголема контрола врз прометот.
-Во моментов тоа не е можно да се спроведе бидејќи поголем дел од апаратите за поништување се во дефект, а за дневна карта потребно е да се наведе времето на влегување на патникот во автобусот.
Тоа ќе значи оти возачот дополнително треба да се ангажира да го впишува времето на влегување, а тоа значи подолго задржување на станица и одвлекување на вниманието на возачот, вели директорот на ЈСП-Скопје Мишо Николов за Дневник.
Слично
