Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈСП пушти нова линија со број 163

ЈСП пушти нова линија со број 163

 Од денеска ЈСП скопје пробно ја пушти линијата  со број 163 , а на барање на граѓаните и на општина Гази Баба. Новата релација ќе се вози со мини автобус,  а линијата ги врзува селото Драчево со општина Илинден.

Трасата на движење е од Драчево, по улицата „Китка“, населбата Драчево, Долно Лисиче, Јурумлери, Идризово, преку надвозникот низ Кадино, Марино и општината Илинден и назад.

Новата линија ќе се вози само во работни денови. Автобусот ќе поаѓа од селото Драчево во 6:15; 14 и 15:30 часот. Поаѓањето од општината Илинден е во 07; 14:45 и 16:15 часот, информираат од ЈСП.
Слично

Поврзани вести